Околу 500 автомобили и комбиња, претежно од Франција, пристигнаа денеска во конвој до предградијата на Брисел, во знак на протест поради ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот. Возилата, како што претходно најавија надлежните, не смееле да влезат во градот.

Полицијата ги испрати демонстрантите на паркингот на периферијата на Брисел, од каде пеш продолжија до плоштадот во центарот на градот и делот на кој се наоѓаат институциите на Европската унија.

https://twitter.com/j27xQ/status/1493282950384955394?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1493282950384955394%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fsvet%2Fpolicija-sprecila-konvoj-slobode-da-udje-u-brisel-privedeno-vise-osoba%2F

Приведени се голем број луѓе.

Од недела навечер, голем број федерални полицајци се распоредени за да го контролираат влезот на конвои од Париз, главниот град на Франција, кон Лил, на белгиската граница.

Околу 40 возила беа пренасочени кон зоната Експо во Брисел, бидејќи полицијата од утрото ги затвори главните влезови во градот. Ова ги спречи возилата да влезат во градот.

Конвојот на слободата е серија актуелни протести и блокади, кои започнаа во Канада против задолжителната вакцинација, но се претворија во движење против сите ограничувања поврзани со пандемијата на Ковид во други земји, Франција, Нов Зеланд и Холандија.

By Author