Федералната влада во Канбера ги предупреди сите австралиски граѓани кои се во Украина да ја напуштат земјата што е можно поскоро.
Предупредувањето дојде набргу откако британските власти и САД побараа од своите граѓани и вишокот дипломатски персонал што е можно поскоро да го напуштат Киев поради актуелната ескалација на кризата и заканата од војна.
Министерката за надворешни работи Мариса Пејн побара од највисоките безбедносни претставници да разговараат за сајбер помошта со нивните украински колеги, што е значаен чекор во засилувањето на поддршката на Австралија за Украина, со порака до Русија да ги „деескалира“ тензиите.
Федералната влада донесе одлука во понеделникот околу 21.15 часот (по локално време) преди за патување во Украина да не „патува“ и им порача на Австралијците да ја напуштат земјата сега комерцијално и да бидат свесни дека летовите може да се променат или прекинат на краток рок.
„Австралијците кои ќе одлучат да останат во Украина треба да ги испитаат личните планови за безбедност, и да бидат подготвени да се засолнат таму доколку е потребно, да внимаваат повеќе на безбедоста и редовно да се пријавуваат во Министерството за надворешни работи и трговија“, соопшти владата.