Австралиски авион, кој требаше да испорача помош на Тонга, островска држава во Тихиот Океан неодамна погодена од вулкански ерупции и цунами, е вратен во базата поради позитивен случај на Ковид-19 меѓу екипажот.

Aвионот полетал од Бризбејн во четвртокот попладне, но се вратил на средината на летот откако бил информиран за позитивниот случај на Ковид-19, изјави денеска портпаролката на австралиското Министерство за одбрана, а пренесува британскиот весник „Гардијан“. “.

Целиот екипаж бил негативен на брзите антигенски тестови направени пред полетувањето, но ПЦР тестовите подоцна покажале позитивен резултат, пренесува Танјуг.

Пакетите со помош и залихите веднаш се префрлени на друг лет кој полета денеска.

Тонга нема случаи на ковида-19 и има строга политика на гранична контрола, поради што бара бесконтактна испорака на помош, која почна да пристигнува со авион во четвртокот.

By Author