Со затварањето на угостителските објекти се појави револт кај граѓаните и угостителите тие сметаат дека овие мерки се престроги и дека правилата се почитуваа.Исто така револт кај граѓаните се појавува се повеќе и од трајното затварње на дел од угостителските објекти не можејќи финансиски да издржат уште еден пакет на мерки па луѓе останаа без своите работни позиции.Властите пак нагласуваат дека во угостителските објекти не се почитувале мерките за растојание и групирање па за да се спречи евентуално појавувње на кластери ова било најдобрата мерка.

Министерот Филипче изјави дека за евентуални промени во однос на мерките ќе се анализираат бројките на неделно ниво поединечно за сите градови како што се правело и до сега.

Со оглед на фактот дека следуват празници не би сакале да се случи експлозија на заболени а со оваа мерка сметаме дека ефикасно ќе го намалиме притисокот од здраствениот систем со оглед на фактот дека иако постојат мерки угостителските објекти биле места каде што сепак има групирње и не почитување дистанца истакна Филипче.

Инспекциските служби од 29 март до 4 април спровеле вкупно 5.236 надзори и контроли затвориле 8 угостителски објекти.

By Author