Австрискиот парламент вечерва донесе одлука за воведување задолжителна вакцинација против коронавирус за возрасни, со закана за висока казна, почнувајќи од февруари 2022 година. Австрија со тоа стана првата земја во Европа која воведе задолжителна анти ковид вакцинација за сите.
„Како што е планирано, на почетокот на февруари воведуваме задолжителна вакцинација за лицата постари од 18 години“, изјави за новинарите шефот на конзервативната влада, која ја предводи заедно со еколозите.
Владата пред речиси два месеци најави дека на почетокот на оваа година ќе воведе општа задолжителна вакцинација. Клучните аспекти на планот остануваат во конечната верзија, за која треба да се расправа во четврток во парламентот, но официјалните лица рекоа дека консултациите со две опозициски партии и други покажале дека се потребни промени во некои детали.
Канцеларот Нехамер рече дека постои загриженост поради тоа што тинејџерите се казнуваат, па затоа е направена промена и воведена е задолжителна вакцинација од 18-годишна возраст.
Нехамер рече дека предлог-законот е дизајниран да ја исполни флексибилноста на вирусот.
Во саботата 27.000 луѓе демонстрираа во австриската престолнина Виена против контроверзната мерка, за која се верува дека ги нарушува индивидуалните слободи.
На почетокот на февруари ќе се воведат контроли и невакцинираните ќе можат да бидат казнети со парична казна од 600 до 3.600 евра во случај на повторување на делото.
Делови од законот може да бидат суспендирани со одобрение на парламентарната комисија доколку, на пример, идните соеви на вирусот се поблаги, или експертите проценуваат дека вакцинацијата повеќе не е патот напред.
Вакцинацијата станува задолжителна во се поголем број земји за одредени професии, категории на население или одредени дејности. Но, задолжителната анти ковид вакцинација за сите се уште е исклучок.
Таква мерка стапи на сила во Еквадор, Таџикистан, Туркменистан, Индонезија и Микронезија.
Во Германија, сличен предлог за кој се залагаше социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц може да биде разгледан во Бундестагот на крајот на јануари.
Австриската влада оваа мерка ја оправдува со преоптоварување на болниците и желбата да се достигне стапка на вакцинација од 90 отсто, што би овозможило, според советите на експертите, да се постигне колективен имунитет.
Според владата, од денеска 5,8 милиони луѓе во Австрија имаат карта за вакцинација, која има 7,4 милиони луѓе кои можат да се вакцинираат.