Едно лице загина, а девет се повредени во експлозија на гас што денеска предизвика пожар и делумно уривање на стамбена зграда во Бронкс, јавуваат медиумите.
Њујоршката полиција соопшти дека починала 77-годишна жена, а уште две жени на возраст од 68 и 82 години се во стабилна состојба.
Петмина полицајци се затруле поради вдишување чад и исто така се пренесени во болници.
Портпаролот на противпожарната служба изјави дека инцидентот се случил на улица во Бронкс, пренесе Ројтерс.
Полицијата соопшти дека кај 77-годишната жена била констатирана смрт на лице место, додава NBC News.
На објавената снимка се гледа облак од чад кој се издига над зградата.
Најпрвин се мислеше дека експлозијата е поврзана со гас, но Кон Ед рече дека нема индиции дека е така.
Очевидци рекоа дека слушнале најмалку две експлозии, проследени со пламен.
Набљудувачите првично мислеле дека паѓа снег, додека не сфатиле дека наместо тоа паѓала пепел од огнот. На видеото објавено на Твитер од член на градскиот совет на Њујорк се гледа густ црн чад како извира од зграда на улицата Фокс 800.