Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ во денес попладне околу 12 часот и 15 минути допатува во Белград и слета на аеродромот „Никола Тесла“.
Тој пристигна од Австралија од каде замина во неделата, бидејќи беше депортиран поради укинувањето на визита пред Австралија опен.
Него го поздравија и бројни фанови, новинари и фоторепортери.
Фановите на најдобритот тенисер во светот донесоа српски знамиња и други реквизити како што е шајкача, а му посветија и транспаренти со поддршка.
„Новак, Господ да те благослови“, му пишуваат српските навивачи на Ѓоковиќ, кој беше протеран од Австралија со одлука на Алекс Хоук, министерот за имиграција на земјата.
По 12 дена имиграциски притвор, три судски рочишта и конечно неповолна пресуда, Новак реши да дојде во Србија наместо да оди во Марбела.
Претходно тој изјави дека за процесот во Австралија нема да дава изјави до завршувањето Австралија опен.