Пожар избувна рано утринава, што доведе до експлозија на три резервоари со нафта во Абу Даби, потврди локалната полиција.
Мал пожар избувна и во новата зграда на меѓународниот аеродром во Абу Даби.
Прелиминарните истраги сугерираат дека причина за пожарот биле мали летечки предмети, кои најверојатно припаѓале на дронови, кои паднале во две области, јавува државната новинска агенција ВАМ.
Упатени се екипи на надлежните органи и пожарот во моментов се гаси.
Властите започнаа опсежна истрага за причините за пожарот и околностите околу него. Сепак, нема извештаи за значителна штета предизвикана од овие два инцидента.