Поранешниот член на српското десничарско движење Двери, Срѓан Ного гласаше денеска на референдумот во Србија по што ја искрши гласачката кутија.

Српската полиција потврди дека тој е приведен и одредено му е задржување од 48 часа. На социјалната мрежа “Twitter” се споделува снимка на која се гледа како Ного на своето избирачко место го уфрла гласачкото ливче, а потоа ја зема гласачката кутија и ја фрла на подот.

https://twitter.com/DaZivimSan/status/1482726235872579586

Се работи за автентична снимка и тоа го потврди Првото основно обвинителство. Тој е во притвор и се сомничи за кривично дело по членот 159 став 1 од кривичниот законик на Република Србија, односно „спречување на одржување на гласањето“.

Во Србија денеска се одржува референдум за уставни промени во сферата на правосудството. Според информациите од медиумите, до 13 часот гласале 12 отсто од граѓаните на Србија.

By Author