Денес во попладневните часови во стан на улица Сирма Војвода во Охрид пронајдено е без животното тело на испекторката СВР Охрид Марија Милошевска. Како што дознава редакцијата Охридскај сега веќе починатата Милошевска неколку дена не излегувала од својот дом и не одговарала на телефонски повици по што следувало пријава во ПС од ОН Охрид. Од неофицијални извори дознаваме дека на телото на сега починатата испекторка имало траги на насилство.
На лице место е присутен Јавен Обвинител од ОЈО Охрид и во моментов се врши увид, но се уште до овој момент нема информации дали станува збор за природна смрт, убиство или самоубиство.
Повеќе информации очекуваме во наредниот период