Секторот за внатрешни работи Тетово изготви и до Основниот суд Тетово поднесе барање за поведување прекршочна постапка за 44-годишниот Д.К. од тетовско Туденце, актуелен градоначалник на oпштина Јегуновце. Според пријавеното, тој на 5 јануари годинава околу 11 часот и 30 минути, во Архивата на општинскиот објект, најпрво вербално се расправал со М.М.(69) од Скопје, управител на приватна фирма, му ги зел, му ги стуткал и фрлил документите на една од масите и го истуркал од просторијата. М.М. претходно бил повикан од службено лице на општината да достави фактури за претходно извршени услуги за општината, односно поради нерасчистени должничко-доверителни односи. Секторот за внатрешни работи Тетово изготви и до Основниот суд Тетово поднесе, исто така, барање за поведување прекршочна постапка и за М.М.(69) од Скопје кој, според пријавеното, го навредувал и му се заканувал на Д.К(44), откако тој му ги стуткал и фрлил документите и го истуркал од општинската Архива-соопштуваат од МВР.