Град Скопје продолжува со намалувањето на комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари по квадрат , колкава што е минималната цена дозволена со закон, согласно одлуката на Советот на Град Скопје донесена минатата година, а со цел поддршка за скопските угостители.

– Град Скопје е најголем чинител во македонската економија. Тука се остварува најголемиот дел од нашиот БДП, тука е најголемиот број на работни места, тука се остваруваат најголемиот дел од инвестициите во земјава. Работите не смеат да запрат и Град Скопје ќе продолжи посветено да работи на враќањето на парите назад во стопанството, преку обезбедувањето на повеќе средства за капитални инвестиции и одлагање на неприоритетните инвестиции – истакна Шилегов на минатогодишната седница на Советот на Град Скопје кога беше усвоен пакетот економски мерки, стои во соопштението од Град Скопје.

By Admin