Новак Ѓокович повторно победи, овојпат не на теренот, но триумфот го однесе во најтешкиот меч што го водеше во животот. Ноле уште еднаш покажа дека е неуништлив.
Иако многумина со нетрпение ја очекуваат неговата победа, големо прашање е дали Ноле воопшто ќе игра на Австралија опен. Официјално, случајот е завршен, но сега се води голема борба бидејќи има шанси Министерството да се огради од судската одлука и на Новак да му врачи забрана за влез во земјава во следните три години.
Менталната состојба на Новак не е сомнителна, но тоа е неговата форма. Србинот не тренираше претходните шест дена, беше затворен во четири ѕида, слабо се хранеше… а турнирот почнува за седум дена.
-Мислам дека Новак ги помина сите фази. Беше лут, тажен, веројатно иронично се смееше, но сега е мирен. Ниту јас не знам, а мислам дека и Ноле не знае дали ќе игра на турнирот. Сега е преплавен со емоции, мислам дека сега тенисот не му е на ум – изјави пред два дена братот на Новак, Џорџе.
Се уште не е познато дали Ѓоковиќ ќе може да игра. Сите знаеме дека е силен, но ова е нешто што не се случува секој ден.