Навивачите на Новак Ѓоковиќ направија вистинска забава пред хотелот во кој беше приведен првиот светски рекет додека ја чекаа одлуката за депортација.

Ѓоковиќ престојува во хотелот Мелбурн Парк откако австралиските власти му забранија влез во земјата, а во оваа зграда дојдоа многу поддржувачи да му дадат поддршка.

Според најавите од Федералниот суд, конечната одлука за потенцијалниот престој на Новак во Австралија, а со тоа и неговиот настап на Австралија опен ќе биде донесена во понеделник.

По тој повод, фановите на најдобриот тенисер на планетата ја искористија приликата да дојдат и да му покажат на Ѓоковиќ дека не е сам.

По тој повод одиграа и оро, а пред хотелот кој австралиската влада го користи за сместување на бегалци и карантин, беа видени исклучително интересни сцени.

By Author