Јапонската тенисерка Наоми Осака имаше турбулентна 2021 година во која се соочи со психички проблеми, но најави дека новата година ќе биде многу подобра за неа.
Осака се врати на теренот по четиримесечна пауза со победа на турнирот во Мелбурн. Таа во мечот од шеснаесетфиналето беше подобра од Ализ Корне со 2:1 во сетови, а оваа сезона има нешто поразлични цели од вообичаените.
„Имам само една цел и тоа нема никаква врска со резултатите“, рече Наоми, додавајќи:
“Сакам да се забавувам секогаш кога излегувам на теренот. Дури и кога губам, сакам да знам дека дадов се од себе. Исто така, целта ми е никогаш повеќе да не плачам за време на прес-конференција. Јас сум таков тип на човек, премногу се грижев за резултатите и рангирањето на WTA листата. Треба повторно да уживам во играта“.
Осака моментално е 13-то рангирана во светот, а минатата сезона го освои Австралија опен, по што следеше многу тежок период за Јапонките.
Таа се повлече од Ролан Гарос, го пропушти Вимблдон, плачеше на прес-конференција во Синсинати и стигна до третото коло на Олимписките игри и УС Опен.