Во текот на вчерашниот ден (02.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 164 возачи.

Од нив 24 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движело со дури на 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 81 возач ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта соопштуваат од МВР. 

By Author