Божиќната трпеза или бадникова вечер го означува крајот на четириесет дневните божиќни пости. Се поставува вечерата со посна храна. На масата се стават бадникови гранчиња, најздравото дрво кое ја симболизира среката и здравјето на сите членови во семејството.

Менито на трпезата е посно од главното јадење па се до десертот.

На трпезата се принесуват јадења воглавно по желба на домакините, се смета дека колку е побогата, толку ќе биде побогата годината.

Традиционално на бадниковата маса за вечера треба да има риба, грав, погача без квасец и суво овошје.

Лукот има посебна симболика, во минатото на него се придавало дури и магиско значење за подобро здравје, па затоа е неизоставен дел од бадниковата трпеза.

Покрај наведената храна на трпезата за Бадник задолжително треба да се стави и сол. Куќа без сол не треба да биде, зошто каде нема сол таму влегуваат болестите и несогласувањата.

Според старите македонски верувања за богата и плодна година во куќата, на трпезата треба да има и ореви, јаболка, пченка и метални парички, а за годината да биде „слатка“ за декорација се ставаат и бонбони.

Според традицијата пак, обично на крајот на вечерата за десерт се јаде печена тиква.

Вечерата започнува со кршењето на лепчето па продолжува со предјадење јадење и десерт. Трпезата не се раскрева до утрото.

Следниот ден пв ден Божиќ се служи мрсна храна печено месо,кифлички салати.

By Author