Италијанското градче кое е лоцирано на рид привлекува внимание со својата драматична позиција на врвот на вулканот, а неговата судбина е уште подраматична.
Поради големите закани од рушење, повеќето жители го напуштиле Чивита (Civita di Bagnoregio), а денеска во овој град живеат само најхрабрите.
Името „Град што умира“ го добил поради неизбежните ерозии. Меката глина на која лежат куќите, времето, земјотресите и страшната природа дополнително се ослабнати.
Интересно е тоа што од неодамна овој град почнува да се нарекува и „Град кој сака да живее“.
Причин за тоа е и одлуката на градоначалникот Франческо Бигиоти. Имено тој се одлучил на ризичен потег- да наплаќа влез во градот. Неговата теорија дека туристите многу повеќе ќе ги заинтригира ова место доколку знаат дека се плаќа влез во него, се испоставила како точна. Па така, годишно градот го посетуваат милиони луѓе.
Во 2010 имало околу 40.000 посетители. Бритсанскиот дневен весник „Гардијан“ наведува дека станува збор за град во кој нема даноци, а невработеноста е само еден отсто. Чивита е одалечена околу 120 километри од Рим.
Ако се одлучите по завршувањето на пандемијата да го посетите, имајте на ум дека треба да поминете доста стрмни скали, местото е гордо на своите мали плоштади, како и на главниот на кој се наоѓа катедрала од петти век и досега е повеќепати обновувана.
Главниот плоштад е уникатен, а оние кои што го посетиле велат дека тој делува како враќање неколку векови наназад.