Тетовската полиција санкционираше три возила кој вршеле јавен превоз, имале неисправни сопирачки,соопштуваат од МВР.

Полициски службеници од СВР Тетово денеска (30 декември) од 9 до 13 часот, спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници.При контролата, биле откриени и санкционирани 3 возила (ТЕ-1 и ГВ-2) со неисправни сопирачки, кои веднаш се исклучени од сообраќајот, а изготвени се и соодветни поднесоци.

Санкционирани, исто така, биле и 4 други прекршоци направени од ваков вид возила (ТЕ-1 и ГВ-3), како и 3 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-2 и ГВ-1).

By Author