68 санкции за возење под дејство на алкохол

Во текот на вчерашната вечер (29.12.2021) во периодот од 18.00 до 22.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 68 возачи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

176 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (29.12.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 176 возачи. Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури на 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 44 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 132 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Приведено лице од Кратово за спроведување истражна постапка

На 29.12.2021 во 15.00 часот на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(28) од Кратово. Тој бил баран по локален распис за спроведување истрага за сторено кривично дело по член 261 од Кривичниот законик.

Тој бил приведен и предаден во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.

Приведен крадец за издржување казна затвор

На 29.12.2021 во 13.30 часот на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Г.Б.(31) од Скопје. За него била распишана централна потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

By Author