Осомничениот А.Е од Скопје уценувал 22 годишна девојка со компромитирачки фотографии. Тој барал да му исплсти 3000 евра за да не ги објави фотографиите.Девојката го пријавила случајот во СВР Скопје по што биле превземени соодветни мерки и уапсен е уценувачот.
Од МВР вчера соопштија во врска со случајот:
“Денеска (23.12.2021) во трговски центар во Скопје полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го приведоа А.Е. (24) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело уцена. Имено, А.Е. побарал 3000 евра од 22-годишна девојка од Скопје за да не објави компромитирачки фотографии.
Девојката го пријавила делото во СВР Скопје, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и и се дадени кримтехнички обработени пари, кои таа му ги дала на А.Е. на претходно договорена средба во трговски центар во Скопје. Веднаш откако ги земал парите, А.Е. е лишен од слобода,а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава”.