Брзо се подготвуваат посните чоколадни коцки и уште побрзо се јадат. Најдобро од се е што се посни, а состојките гарантовано ќи имате дома.

Ова е рецептот за посните чоко коцки.

Потребни состојки

-250 грама маргарин.                                                                                                                                                           - 12 лажици шекер во прав                                                                                                                                                     - 200 милилитри кисела вода.                                                                                                                                                  - 8 лажици мелени ораси                                                                                                                                                        - 300 грама брашно.                                                                                                                                                                - 100 грама посно чоколадо.                                                                                                                                                               - прашок за пециво.

За прелив :

200 грама посно чоколадо – 80 грама маргарин

Припрема

Оставете го маргаринот (200гр) да омекне па потоа изматете го со шекерот во прав. Полека постојано матејки додадете ја киселата вода, и постепено додавајте ѓи орасите, брашното измешано со прашокот за пециво и изренданата чоколада. Смесата ставете ја во плех кој предходно сте го намачкале со преостанатиот маргарин и набрашнет. Колачот се пече на 180 степени околу пола час. Печениот колач прелијте го со глазура од растопената чоколада и маргарин.

By Author