Според најавите церемонијата на отварањето на летните Олимписки игри 2024 година во Парз би требало да биде најголема во историјата. Организаторите планираат да направат парада на Сена долга шест километри со повеќе од 160 чамци, а ке ја гледаат повеќе од шесто илјади луѓе на лице место.
Освен спортистите што ке минуваат покрај атрактивните Лувр и Ајфеловата кула, спектакуларна програма ке се одржи и покрај брегот на Сена. Организаторите не сакаат да ѓи откриваат сите изненадувања но едно од нив ќе биде прескокнувањето на мостовите со БМX велосипеди. Тие велат дека при осмислувањето на програмата имале на ум и дека ќе има 10 000 спортисти кои ќе бидат присутни во градот.
Целокупната идеја е овие Олимписки игри да се одиграат и гледат на малку поинаков начин, па така ќе има натпревари кои ќе бидат одржани надвор од спортските борилишта. На пример натпреварите одбојка на плажа ке се одржуваат во подножјето на Ајфеловата кула, а спортовите со коњи околу Версај. Се најавуваат нови спортови а и масовни трки,вклучувајки ѓи и оние со велосипеди.
Спортистите кои учествуваат во игрите ќе имаат избор дали сакаат да останат до крајот на церемонијата на отварањето после парадата со чамците и бродовите или да се повлечат во олимпиското село.Останатите после обиколката на атркциите ке дојдат до вратата Трокадеро каде што ќе се одржи финалниот спектакл. Она што е различно во однос на предходните церемонии е дека ова не само што ке биде најголема досега,туку и во најголем дел бесплатна за сите гледачи.
Идеата за претворување на целиот град во спектакл не само за отварањето но и за време на одржување на игрите е навистина интересна, но останува да видиме дали е тоа преамбициозно. организаторите накнадно ќе го објават изгледот на маскотата и предавањето на факелот. Олимписките игри во Париз би требало да се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година,ако оди се според планираното.