Швајцарскиот тенисер по 19 ти пат го освојува ласкавото признание за најомилен тенисер на АТП турнирите меѓу навивачите.
Федерер на терените последен пат годинава беше на седми јули ,кога во четвртфиналето на Вимблдон изгуби од Хуберт Хуркач со3:0 во сетови.
Навивачите го одбрале Роџер Федерер како играч кој најмногу сакаат да го гледат и најчесто навиваат за него.
Оваа награда во конкуренција на двојки отиде кај Французите Пјер Иг Ербер и Николас Мауу.
Враќањето на Федерер е планирано за април наредната година.