На 16.12.2021 во 16:15 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги на бензинска пумпа на бул.”Србија” во Скопје го лишија од слобода Г.С. (51), роден во Струмица, а со адреса на живеење во Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен Суд-Скопје 1 вв чл.353 ст.3 од КЗ на РСМ, за казна затвор од една година.
Лицето е предадено во КПУ Затвор Скопје-Скопје за издржување на казната-соопштија од МВР.
Од неофицијални извори дознаваме дека се работи за лицето Горан Стојков поранешен командант на единицата “Лавови”
Стојков предходно во 2014 во случајот “Шпион “беше осуден на десет години затвор, а со пресуда на Апелацијскиот суд му беше намалена на три години и три месеци затвор ,која во целост ја отслужи.