Понесен од спортската атмосфера или од некое славење возач на возило со скопски регистарски таблици седнал зад воланот и предизвикал сообраќајна незгода во која за среќа нема потешко повредени. Пред десетина минути возачот на возилото ауди со скопски регистарски таблици го погодил столбот за осветлување кој се наоѓал на тротоарот на булеварот Гоце Делцев со улицата Филип Втори во близина на Мавровка.Од неофицијални извори уште дознаваме и дека лицето пред моментот на ударот го управувало возилото со брзина од 200км на час
Полицијата повторно е на лице место на настанот но со оглед на последните случувања со полицискиот службеник Гоце.П дали таа треба да превземе мерки или само да ја констатира штетата дали граѓаните треба да се чувствуваат несигурно дури и кога чекорат по тротоар.
Полициските службеници секако дека повторно ќе си ја извршат службената должност ќе превземат мерки за расветлување на случајот и ќе извршат увид на лице место и повторно ќе бидат во сервис на граѓаните заштитувајќи ги деноноќно.