Ова лето фудбалерите не израдуваа со пласманот на Европското првенство. Денес фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа пред нов историски натпревар со Исланд, второто место во групата ни обезбедува бараж за на Светското првенство во Катар. Само до пред неколку дена ова ни изгледаше како невозможна мисија,а за тоа имаше многу аргументи, капитенот на репрезентацијата Горан Пандев се повлече од неа, во последните три натпревари Македонија имаше само реми а тука беше и поразот од Германија.
Последниот натпревар со Ерменија и тоа како се бореа таму нашите момци и ги сменија работите. Победеата од 5:0 на гости, и изненадувачкото реми на Исланд со Романија 0:0 не ставија во совршена позиција сами да одлучуваме за својот пласман,а исланѓаните ни се должници од септември во Рејкјавик кога имавме водство од 0:2 за на крај натпреварот да го завршиме со 2:2. Исландскиот селектор Анрар Видарсон изјавил дека ке се борат до крај ,нашите фудбалери мора да играат претпазливо. Им посакуваме среќа на нашите херои.