Доцна синоќа во РЕК Битола изби пожар во третиот блок,еден од двата блока кој во моментов работат, набрзо беше саниран. Причинета е голема матријална штета но повредени нема. Вториот блок не работи поради редовно сервисирање за пуштање во употреба во декември
Рударско енергетскиот комбинат е најголема подружница во составот на АД Електрани Македонија.Комбинатот чија основна дејност е производство на електрична енергија и ископ на јаглен е најголем во Македонското електро стопанство и е составен од две производствени единици- ПЕ Рудници и ПЕ Термоелектрана.
РЕК Битола учествува со над 70 посто од производството на електрична енергија во електроенергетскиот систем во државава.Има најавува за пуштање на вториот и третиот блок со работа во наредната недела но тоа е неофицијално Овој пожар се случува среде енергетска криза,министерот Крешник Бектеши во вторник ке бара прогласување на кризна состојба.