Во историјата на секој народ има многу настани кои остануваат длабоко во нивните сеќавања.11-ти Октомври е еден од најсветлите датуми во историјата на Македонија.
Во приказната за слободна Македонија се вградени судбините на огромен број на луѓе, затоа ова наше победничко востание мора да стои на пиедесталот на македонскиот народ во креирањето на македонската република. На овој ден пред осумдесет години пукнале првите пушки во Прилеп и Куманово со што македонскиот народ го покажал својот непокор. На 11-октомври им одаваме почит на учесниците во воруженото антифашистичко и народно ослободително востание.
Наша должност останува да го чуваме она за што тие се бореа, а историјата не мотивира да чекориме напред, да веруваме во себе и да се боририме за иднината на нашата земја и нашите деца.
Вечна слава на борците.
Честит празник татковино.