Најдобрите македонски маратонци Дарио Ивановдки и Андријана Поп Арсова, со нови рекорди успеаја да ја победат конкуренцијата и да станат победници на годинешниот скопски маратон на кој имаше пријавено 150 учесници од повеќе земји во светот.
Во машкиот маратон Ивановски доминираше при што трката ја заврши со време 2:21:27часа оставајки го зад себе босанецот Младен Стевановиќ кој финишираше со задоцнување од околу 13 минути, додека како трет заврши Давид Перлич од Германија со задоцнување од околу 17минути.
Додека кај дамите со нов македонски рекорд триумфираше Андријана Поп Арсова која трката ја заврши за 2:36:40часа и за 3минути беше побрза од второ пласирана Силвија Јукаила од Еквадор и 15минути побрза од трето пласираната Билјана Кираџиева.
Додека во полумаратонската трка каде конкуренцијата беше поголема првите три места во машка конкуренција ги освоија натпреварувачи од странство. Победник на машкиот маратон беше Ценков од Бугарија со време 1:09:10, втор беше Фримен од САД и трет Мамуша од Албанија.
Во женската конкуренција повторно на првото место изби натпреварувачка од Македонија Милјана Ристиќ со време 1:26:09, пред Кендреса Рамадани и Сања Најдовски.