Два камиона со вкупно седум милиони куршуми биле украдени кога непознати напаѓачи пресретнале транспорт на оружје во мексиканската држава Гуанхуато.
Претставник на фабриката за муниција „Текнос“, Хуан Ибарола, рече дека двата камиона натоварени со муниција биле пресретнати на автопатот, пренесува весникот „Информадор“.
Сепак, Ибарола тврди дека мексиканските нарко картели, кои се осомничени за оваа кражба, нема да имаат голема корист, бидејќи станува збор за муниција од мал калибар.Мексиканските медиуми наведуваат дека картелите најчесто користат пушки „Калашников“ и американски „Ар-15“, како и девет милиметарски пиштоли.„Тие не користат оружје од овој калибар“,изјавил
Транспортот на муницијата го обезбедувала компанија која нема никаква врска со полицијата, а возачите беа пронајдени малку подоцна, неповредени.
Foto:EPA/Luis Torres