Ким Јонг Ун на состанокот на Централната воена комисија повика на зајакнување на воената моќ и најави нова пресвртница во работата на одбранбениот сектор.
Вчерашниот состанок на воениот врв прогласи состојба на готовност поради нестабилната состојба на Корејскиот полуостров, но не беа соопштени повеќе детали за планираните воени активности, пренесува „Reuters“.
Според извештајот, Ким се занимавал со организациски прашања, отпуштања, трансфери и нови назначувања на некои високи офицери, а биле разгледани и важни задачи со цел да се направи нов пресврт во целокупната работа на националниот одбранбен сектор.