Најмалку шест деца загинаа, а дваесетина беа повредени во пожар во поправниот дом во Каиро.

Полицијата ја уапси управата на објектот, а обвинителството започна истрага за причините за пожарот што избувна синоќа.

Неофицијално, првите резултати од истрагата покажуваат дека имало краток спој во инсталациите, објавија државните медиуми, пренесува АП.

Пожарот избувнал по тепачка меѓу две малолетни лица во еден оддел од зградата.

Акбар ел-Јом објави дека децата не можеле да избегаат затоа што одделенијата биле заклучени.

By Author