Од 00.00 часот до 04.00 часот (02.06.2021) констатирано е дека шест лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (01/02.06.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 145 прекршоци.
На 01.06.2021 во 19.30 часот на подрачје на Центар, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Л.Н.(34) од Велес бидејќи кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.06.2021 во 19.00 часот на подрачје на Гази Баба, од полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода Б.Б.(36) и Е.Ј.(53), двајцата од Скопје, бидејќи кај нив била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.06.2021 во 14.40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода В.Љ.(37) и З.Ч.(34), двајцата од Штип. При преглед во возило „сеат леон“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Љ., а сопатник бил З.Ч., била пронајдена марихуана и бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 01.06.2021, СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што се изречени 56 мерки, меѓу кои 32 за управување возила со брзина поголема од дозволената, 14 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, 3 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 3 прекршоци сторени од мотоциклисти за неносење заштитен шлем.
На 01.06.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот, при што било констатирано дека 89 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 23 возачи управувале возило без возачка дозвола, 8 разговарале на мобилен телефон и тројца не користеле сигурносен појас. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.
На 01.06.2021 во 20.45 часот на локалниот пат с.Тополчани-с.Ерековци, прилепско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило марка „цитроен” со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(52) од с.Канатларци и трактор „солис”, управуван од Е.Р.(43) од с.Канатларци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ш.(56) од Прилеп, сопатник во патничкото возило, констатирни во Градска болница Прилеп. Со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп, се здобиле возачот М.Р. и сопатниците во патничкото возило Д.А.(40) и И.К.(36), двајцата од Прилеп. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.
На 01.06.2021 околу 18.00 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ од полициски службеници бил приведен М.К.(42) од Италија бидејќи патничкото моторно возило „џип чироки“ со италијански регистарски ознаки, кое го управувал, било предмет на потрага издадена од Сектор за меѓународна полициска соработка- МВР. Лицето и возилото биле предадени на полициски службеници од Одделение за криминалистички работи-Чаир за понатамошна постапка.
На 01.06.2021 во СВР Скопје, Г.С.(56) пријавила дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ била касната од куче скитник.