Неверојатно, но вистинито: Распоредот на собите во еден затвор е идеален за хотел …

Трендот на овие неверојатни трансформации започна во Истанбул во текот на 90-тите години на минатиот век, кога во оваа држава интересниот, неокласичен затвор Султанахмент, напуштен во 1969 година, беше трансформиран во ултра луксузен, декадентен хотел. Ова беше проследено со низа приказни слични на оваа, кога се отвори хотелот Либерти во Бостон и Малмаисон во Велика Британија. Во Велика Британија е отворено и последното поглавје на оваа тема – неславниот, напуштен затвор Бодмин стана прекрасен хотел кој во никој случај не потсетува на неговото неславно минато.

Луксузниот имот со четири ката со седумдесет соби првично беше изграден во 1779 година за време на владеењето на Џорџ Трети. Затворот беше неверојатна појава со дизајнот кој беше проследен со добри услови како топла вода, вентилација и други удобности, и во него беа сместени ситни криминалци, но дури 55 луѓе беа обесени токму тука.

Конверзијата од 71 милион американски долари траеше шест години и беше извршена од лондонската фирма „Twelwe Architects“, откако имотот започна да се распаѓа кога затворот беше напуштен во текот на 1920-тите. Обидите да се сруши не успеаа поради дебелината на ѕидовите, но неговиот покрив пропадна, заедно со внатрешноста. Мет Картрајт, водечкиот архитект на проектот, мораше да дизајнира средина што ќе потсетува на луксузен хотел, заснована врз постојните урнатини. За секоја соба во стилот на стан, комбинација од три ќелии, па дури и декорацијата на внатрешните sидови беше навистина предизвикувачка мисија.

“Ѕидовите се дебели околу 60 см и се исполнети со чакал, па штом ќе отворите дупка во нив, чакалот почнува да паѓа. Исто така, наидовме на огромен број лилјаци, од кои не можевме да се ослободиме без дозвола за време на одреден период од годината. “, рече архитектот, кој намерно зачува голем дел од грубите детали на ѕидовите, со цел да ги потсети гостите на минатото од оваа неверојатната зграда.

Капелата, која е дел од затворот, Картрајт е претворена во бар-ресторан – на неговото горно ниво, каде што сега се наоѓа пијано, затворските чувари и другите вработени некогаш практикувале молитви, внимателно набњудувајќи ги затворениците.

Што се однесува до ќелиите на осудените на смрт, тие се наоѓаат во канцелариското крило на затворот и останале во одлична состојба, така што еден дел од нив воопшто не е променет.

Инаку, затворот Бодмин се наоѓа во еден од најатрактивните делови на Велика Британија, Корнвол, што им пркоси на инаку лошите временски услови во овој дел од светот.

By Admin