Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека треба да се заостри критериумот за цивилно поседување оружје.

Тој потенцира дека Истражниот комитет ќе ги утврди сите околности на трагедијата во училиштето во Казан, кога за време на пукањето загинаа девет лица, а 23 беа повредени.

„Во исто време, верувам дека за да се спречат ваквите злосторства, потребно е значително заострување на условите под кои граѓаните можат да поседуваат оружје и да ја зајакнат контролата над огненото оружје во сопственост на цивили“, рече Путин.

Според него, сите службени лица кои издаваат дозволи за поседување оружје и ги обезбедуваат потребните документи на сопствениците на оружје, треба да имаат лична одговорност, пренесува руски портал.

„Мораме да ги елиминираме ситуациите кога луѓето, на пример, можат да купат медицински сертификати, понекогаш дури и без преглед“, рече Путин.

Ова следи откако во текот на вчерашниот ден се слуучи престрелка во училиште во која загинаа најмамалку 11 лица.

By Admin