На 12.05.2021 околу 17.45 часот на бензинска пумпа на подрачје на Чаир, од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода И.Т. (38) од Косово, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и приколка со косовски национални ознаки, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија“, казниво по чл.277 од Кривичниот законик. Лицето е задржано и предадено на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
На 12.05.2021 околу 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачјето на Чаир, каде било паркирано патничко возило „фолксваген голф 7“, со скопски регистарски ознаки, а во кое биле возачот Л.П.(24) од Скопје и сопатникот К.И.(43) од Скопје, неколку лица со огнено оружје испукале проектили кон возилото. К.И. починал на самото место, а Л.П. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а возилото е запечатено и пренесено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.05.2021 во 18.55 часот во СВР Скопје, С.С.(56) од Скопје пријавила дека на ул.„50-та дивизија“ била касната од куче скитник.
На 12.05.2021 во 15.,50 часот во Тетово на ул.„Јане Сандански“, патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.Ц.(34) од Тетово удрило во малолетен пешак од Тетово. Во незгодата, пешакот се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.
На 12.05.2021 во 21.00 часот во СВР Скопје, В.С.(36) од с.Стајковци, скопско, пријавила дека во населба Кисела Вода, во близина на пругата, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.