На 11.05.2021 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли во сообраќајот. За време на акциската контрола биле констатирани 34 прекршоци и сите биле соодветно санкционирани. При контролата биле констатирани и 21 прекршок за пречекорување на брзината, 17 за управување возило без возачка дозвола, 2 за технички неисправно возило, 2 за некористење сигурносен појас, 2 за користење мобилен телефон и 3 за непрописно паркирање. И за овие прекршоци биле поднесени соодветни поднесоци.


СВР Струмица во текот на 11.05.2021 спроведе засилени контроли во областа на сообраќајот. Притоа, биле констатирани 50 прекршоци, од кои 36 сторени од страна на возачи на мотоцикли, а 3 мотоцикли биле одземени. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.  

На 11.05.2021 на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола на мотоцикли, во рамките на која вкупно биле откриени и соодветно санкционирани 46 прекршоци (ТЕ-39 и ГВ-7). Покрај тоа, санкционирани се и 42 други видови прекршоци (ТЕ-31 и ГВ-11).

На 11.05.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на прекршоци кои ги прават возачи на мотоцикли. Притоа, биле констатирани 48 прекршоци кои биле соодветно санкционирани.

На 11.05.2021 во 18.40 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на локалниот пат Прилеп-с.Лениште, мотоцикл „томос“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Т.(71) од Прилеп изгубил контрола и излетал од патот. По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Градската болница Прилеп, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Во текот на 11.05.2021 на подрачјето на СВР Скопје била спроведена акциска контрола, во рамките на која биле изречени вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, девет за возење без возачка дозвола, 53 санкционирани мотоциклисти, четири мерки за нерегистрирани возила, девет санкции за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, 37 санкции за непрописно паркирани возила.

Во текот на 11.05.2021, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 52 возачи. Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.  

На 11.05.2021 во 10.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благоја Ѓорев“ во Велес, патничко возило „шевролет спарк“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.П.(66) од Велес удрило во пешакот О.Г.(50) од Велес. Во незгодата, О.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Велес.

На 11.05.2021 во 16.30 часот во Полициската станица Центар, М.Б.(74) од Скопје пријавила дека на ул.„Св.Кирил и Методиј“ била касната од куче скитник.

На 11.05.2021 во 15.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Т.К.(54) од Скопје пријавила дека на ул.„Франк Харкорт Манинг“ била касната од куче скитник. 

By Author