Црните кујни веќе некое време се тренд во украсувањето на домовите. Тоа е елегантен и модерен, па дури и смел тренд, но секако не е по сечиј вкус. Сепак, би можеле да ја обожавате црната боја во кујната, доколку се одлучите за црно-бела комбинација која изгледа навистина убаво, лесно се вклопува во секој животен простор и изгледа безвременски.

Со малку црно и најобичната бела кујна ќе добие идентитет, ќе изгледа поинаку и интересно. Најчесто можете да видите комбинација од бели елементи и црни работни површини, но ако сакате да преовладува црно, можете да го изберете спротивното – црни елементи со бели работни површини. Воедно и идејата да за црна маса или столови е одлична!

Црно-белите кујни секогаш изгледаат елегантно, а оваа комбинација ќе биде одличен избор без разлика дали кујната е мала или голема.

Се надеваме дека овие кујни ви дадоа многу инспирација и идеи за уредување на вашата кујна во црно-бела боја.

By Admin