За љубовта нема помош освен да сакаш повеќе.

ОВЕН
Работа:
Можно е да ви се појави добра деловна можност, но не се нервирајте доколку зделката не се оствари токму сега, но секако ви отвора бројни можности во наредниот период.

Љубов: И вие и вашиот партнер сте подготвени да се отворите, конечно да разговарате за она што ве мачи и секако – да ја подигнете вашата врска на повисоко ниво.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

БИК
Работа:
Бикот може да има повремени недоразбирања со соработниците и колегите, особено со претпоставените. Можеби ќе има проблеми со хартиите и документацијата, но ќе успеете сето тоа да го средите.

Љубов: Иако мислите дека сепак е подобро да сокриете некои работи, знајте дека тоа само дополнително ќе ве оддалечи.

Здравје: Нервоза, напнатост.

БЛИЗНАЦИ
Работа: Одвојте време денес и проверете ги сите информации кои ви доаѓаат од различни извори, бидејќи можни се погрешни толкувања.

Љубов: Можеби повеќе луѓе ќе бидат заинтересирани за вашата маленкост, што секако е пријатно, но и ве фрла во тешка дилема.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

РАК
Работа:
Претстои одличен ден Ракови, вие ќе бидете во преден план, искористете го овој момент максимално за да се докажете и да се ставите во преден план.

Љубов: Почитувајте се и правете работи што им одговараат на двете страни.

Здравје: Пазете се од настинки и вирусни инфекции.

ЛАВ
Работа:
Многу труд, многу труд и вложена енергија, а резултатите се просечни. Не се нервирајте, ова е само привремен лош период.

Љубов: Со малку взаемен труд се може лесно да се реши, затоа не трошете време на некои бесмислени ситници.

Здравје: Метеоропатски реакции.

ДЕВИЦА
Работа:
Доколку има некои работи кои не сте ги завршиле, сега е вистинското време да ги направите, без поголеми последици.

Љубов: Аспектите ви се во прилог за убаво патување, или некое друго хедонистичко задоволство.

Здравје: Пазете се од настинки.

ВАГА
Работа:
Денеска можеби ќе имате чувство дека на обврските им нема крај и дека сте заглавени, но можете да сметате на помошта од луѓето од вашата блиска околина.

Љубов: Искористете го денот за дружење со пријателите, ќе уживате во поширок круг на луѓе и опуштена атмосфера.

Здравје: Можни се спортски повреди, загревајте се пред тренинг и не претерувајте.

ШКОРПИЈА
Работа:
Можеби ќе ви се отвори нешто за кое долго размислувате, што го посакувате.

Љубов: Целата енергија треба да биде насочена кон љубовта и планирањето стратегија за освојување на личноста која навистина ви се допаѓа.

Здравје: Чувствителност на кардиоваскуларниот систем.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Може да очекувате неколку непријатни ситуации со некои од соработниците, но тоа ќе заврши успешно.

Љубов: За да продолжите со квалитетна врска, треба да дефинирате што не функционира во вашата врска.

Здравје: Напнатост, нервоза.

ЈАРЕЦ
Работа:
Ќе има многу предизвици на полето на комуникацијата и многу збунувачки детали во соработка со најблиското опкружување, кои можат да прераснат во дискусии од поголеми размери

Љубов: Овој период се препорачува да го искористите за убаво патување, за заеднички активности надвор од домот.

Здравје: Внимавајте на редовна и правилна исхрана.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Некои од вас може да започнат дополнителна деловна обука, што ќе резултира со одлични можности во наредниот период.

Љубов: Потрудете се да ја подобрите врската и фрлете се во некои заеднички планови и активности.

Здравје: Стрес, нервоза, потребен ви е квалитетен сон.

РИБА
Работа:
Ќе имате поддршка од луѓето кои ви се важни и ќе можете да се ставите себеси и вашите квалитети во преден план. Само напред.

Љубов: Слободните припадници на овој знак оваа недела можат да влезат во нова емотивна приказна.

Здравје: Променливо расположение, пишува Astroputnik.com.

By Author