– Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш не заслужува да ги води ОН – изјави израелскиот министер за надворешни работи

Министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен, денеска го повика генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш да поднесе оставка, бидејќи, како што наведе, Гутереш „не помогнал на ниту еден мировен процес на Блискиот Исток“.

Коен тоа го направи за време на посетата на канцелариите на ОН во Женева, како и за време на состаноците со Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Светската здравствена организација (СЗО), пишува „Тајмс оф Израел“.

„Ослободете ја Газа од Хамас“
– Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш не заслужува да ги води ОН. Тој не промовираше никаков мировен процес во регионот. Гутереш, како и сите слободни нации, треба јасно и гласно да каже: „Ослободете ја Газа од Хамас“, рече Коен на прес-конференција во Женева.

Коментарите на Коен уследија по претходната остра критика на Гутереш кон Израел, велејќи, меѓу другото, дека иако нема оправдување за злосторствата извршени од Хамас, „тие не се случија во вакуум“.

За време на состанокот со претседателката на Меѓународниот Црвен крст, Мирјана Шпољариќ Егер, Коен побарал Црвениот крст „да работи преку сите канали“ за да обезбеди посети на заложниците што ги чува Хамас во Газа.

Очекувања од Црвениот крст
– Очекуваме Црвениот крст да го стави ова прашање на врвот на приоритетната листа на организацијата, да ги искористи сите лостови на притисок и да не стои во место додека не ги посети сите заложници, не ја процени нивната состојба и не се увери дека ќе бидат обезбедени соодветна медицинска нега – рече Коен.

На средбата присуствувале и израелскиот министер за здравство Уриел Бусо, како и неколку членови на семејствата на заложниците кои ги држел Хамас, пренесува Блиц.

By Author