„Луѓето не се намерно злобни, туку од незнаење. Треба да знаете што е добро за да се направи добро “ – Сократ.

ОВЕН
Работа:
За очекување е да започнете со полна пареа и максимално енергетски ангажман во нови работни победи.

Љубов: Поволен ден е за секакви дружења во кругот на пријателите и саканите. Искористете го максимумот од тоа.

Здравје: Одлично.

БИК
Работа:
Во новата работна недела влегувате некако тромо, донекаде инертни, но ништо страшно, инаку на Биковите им треба повеќе време да го најдат вистинскиот ритам.

Љубов: Ќе бидете во добра позиција да регистрирате и да откриете кого му се допаѓате во вашата блиска околина.

Здравје: Одлично.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Оваа работна недела за Близнаците носи промена на ситуацијата на подобро , ќе се отворат некои нови можности специјално за вашата позиција преку нови соработници.

Љубов: Се што сте планирале на љубовен план, треба да го постигнете со голем успех. Уживајте.

Здравје: Многу добро.

РАК
Работа:
Доколку на почетокот на оваа недела ве дочекаат куп обврски, нема причина за грижа, почнете од најважните работи и без нервоза.

Љубов: Што се однесува до вас, нема причина да менувате нешто на љубовен план. Опуштете се и уживајте.

Здравје: Одлично.

ЛАВ
Работа:
Пред вас е многу захтевна и напорна работна недела полна со обврски. Сè ќе биде добро ако сте мудри и трпеливи.

Љубов: Веројатно ништо важно и конкретно нема да се случи во текот на овој ден, но на повидок се некои сигнали за нови љубовни авантури.

Здравје: Проверете го крвниот притисок.

ДЕВИЦА
Работа:
Добро би било од почетокот на неделата целосно да ги контролирате обврските и плановите.

Љубов: Можно е ненадејно ново запознавање со многу интересна личност на сосема неочекувано место, па бидете подготвени да одговорите на предизвикот.

Здравје: Одлично.

ВАГА
Работа:
Позитивното расположение и енергија со кои ја започнувате оваа недела треба да ве следат во текот на целиот ден.

Љубов: Многу добар ден за родените во овој знак кои се желни за флерт и љубовни авантури, само внимавајте да не ги расипете и постоечките партнерски односи.

Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.

ШКОРПИЈА
Работа:
И овој понеделник нема непремостливи пречки за типичните Скорпии. Сè што е поврзано со странски земји се движи на забрзан начин. Може да добиете многу интересни предлози.

Љубов: Нема поголеми промени во однос на претходниот ден што се однесува до љубовните настани. Иницијативата е ваша.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Доста напорен ден пред Стрелецот, па потрудете се се што треба да направите како што треба.

Љубов: Слободните Стрелци сè уште можат да размислуваат што и како со новата симпатија. Пробајте, дајте и шанса.

Здравје: Можни стомачни проблеми.

ЈАРЕЦ
Работа:
Почитувајте се, однесувајте се според докажаните професионални норми и ќе имате успешен понеделник, можеби и над реалните очекувања.

Љубов: Не треба да брзате туку да уживате во она што се случува и да дозволите вистинската личност да го најде патот до вашето срце.

Здравје: Чувствителност на ‘рбетот.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Не брзајте да ги правите работите погрешно или да заборавите нешто важно за вас.

Љубов: Доколку имате намера да го подигнете постоечкиот партнерски однос на повисоко ниво, дајте предлог, разубавете си го денот на себе и на вашата сакана личност.

Здравје: Одлично.

РИБИ
Работа:
Многу е поволен ден за Рибите да завршат се што замислиле без поголеми проблеми.

Љубов: Рибите ќе имаат солиден љубовен ден пред се за дружење и убав, опуштен разговор.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

By Author