На 20.10.2023 во 14.40 часот од страна на полициски службеници од ОВР Кичево бил лишен од слобода В.С.(19) од Кичево. При претрес во дом и помошни простории каде привремено престојува В.С., извршен со наредба од Основен суд Кичево, биле пронајдени марихуана, дробилка со остатоци од марихуана, куршум и други предмети со остатоци од марихуана.
Поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено
производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, како и кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, лицето е приведено и задржано во ОВР Кичево, а по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци-соопштуваат од МВР.