Нема поубаво чувство на светот од тоа да сакаш некого!
ОВЕН
Работа: Помалку поради субјективни причини, многу повеќе поради објективни околности, Овенот би можел да се соочи со одредено забавување на задачите што ги започна овој ден. Бидете трпеливи, понекогаш не можеме да влијаеме на некои работи.
Љубов: Имате способност да правите убави нешта, бидете страствени, но и без очекувања, ќе ви биде возвратено повеќекратно од личноста за која се грижите.
Здравје: Одлично.
БИК
Работа: Потенцијалните несогласувања со деловните соработници во сегментот на организација и план за реализација на професионалните обврски ќе бараат пофлексибилен пристап од вас, наместо ексклузивност.
Љубов: Многу Бикови имаат големи изгледи да постават стабилна основа за нова љубовна приказна или да ги подигнат веќе постоечките партнерски односи на повисоко квалитативно ниво, на обострано задоволство.
Здравје: Спијте доволно.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Посветете посебно внимание на датумите и роковите за состаноци, документите и сите оние ситници без кои не можат да се спроведат ниту најубавите идеи.
Љубов: Доколку сакате да ја размрдате рутината на секојдневието на љубовен план, ќе мора да вложите малку повеќе труд.
Здравје: Многу добро.
РАК
Работа: Можни се промени во аранжманите, многу гужва и многу тесни рокови за исполнување. Бидете мирни, решавајте едно по едно, се ќе се реши успешно.
Љубов: Важно е да останете свои и да не паднете во замката на избрзани одлуки, особено ако личноста која неодамна ја запознавте не ви ги отворила сите карти.
Здравје: Можни стомачни проблеми, внимавајте на исхраната.
ЛАВ
Работа: Полека, без брзање и со што е можно помала иритација – ова треба да бидат основните водечки идеи за сите Лавови, доколку сакаат да го поминат овој работен ден на задоволителен начин.
Љубов: Слободни Лавови, некој со кој сте во контакт ви е близок и двајцата сте многу заинтересирани за нов почеток. Само без тие вообичаени и често несвесни мегаломански очекувања.
Здравје: Проблемите со дишните патишта сепак можат да ви предизвикаат здравствени проблеми, пишува Астропутник.
ДЕВИЦА
Работа: Некои детали од областа на комуникацијата и организацијата на работата би можеле малку да го отежнат остварувањето на одредени професионални цели, но никако да сопрат се целосно.
Љубов: Ако сакате да привлечете љубов во вашиот живот, мора да дозволите и личноста што ја сакате да ви се доближи. Бидете со отворено срце и спремно прифатете ја љубовта што ви се нуди.
Здравје: Зајакнете го имунитетот.
ВАГА
Работа: Внимавајте во комуникацијата со деловните соработници за да не прекинете некоја соработка.
Љубов: Постои можност да влезете во сериозна врска. Совет е да не бидете премногу неодлучни.
Здравје: Чувствителност на грлото и респираторниот систем.
ШКОРПИЈА
Работа: Голем број на Шкорпии ќе бидат ангажирани на многу начини и до границите на издржливоста, но тоа нема да биде прв пат. Имате сила да се справите со сите предизвици.
Љубов: Поволен ден е доколку сте расположени за флерт и кокетирање бидејќи ве очекува многу интересно познанство. Дајте свој придонес и бидете активни, можеби зад се се крие нешто повеќе.
Здравје: Чувствителност на урогениталниот тракт.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Веројатно засега немате некои поголеми пробиви, но јасно ви е дека работите полека се решаваат. Само бидете трпеливи.
Љубов: Слободни Стрелци, пред вас се примамливи предизвици, задоволства кои ве искушуваат да им се препуштите.
Здравје: Спијте доволно.
ЈАРЕЦ
Работа: Размислете за коригирање на постоечките планови и смислување конкретни потези за прилагодување на новата деловна клима. Важно е да не се откажувате.
Љубов: Во љубовната сфера би можеле да бидете пријатно изненадени, без разлика на тоа колку лично сте вклучени. Уживајте.
Здравје: Внимавајте на редовна и правилна исхрана.
ВОДОЛИЈА
Работа: Бидете подготвени за пресврт на подобро што се однесува до вашата кариера. Некои од вашите оригинални идеи би можеле да оживеат и да заживеат на ваше големо задоволство.
Љубов: Можете да очекувате барем едно пријатно изненадување од личност која неодамна сте ја запознале. Ќе сфатите дека вреди да се трудите.
Здравје: Одлично.
РИБА
Работа: Искористете го овој поволен период за да ги исправите, поправите работите и односите, но и да отворите простор за нови договори и нови приказни.
Љубов: Треба да имате јасен фокус на она што го сакате во иднина, тоа да ви биде приоритет доколку сакате работите да се движат во позитивна насока.
Здравје: Нема значајни предупредувања.