Најмалку три лица загинаа во Александрија откако египетски полицаец, наводно, отворил оган врз туристи од Израел.
Светските медиуми јавуваат дека во нападот загинале двајца Израелци и еден Египќанец.
Неколку Израелци загинаа денеска кога вооружен маж отвори оган врз автобус полн со израелски туристи во Александрија, Египет, јавија локалните медиуми. Според неофицијални информации, полицаец пукал во автобус со Израелци.
Пукањето се случило во близина на Помпејовиот столб во Александрија.
Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја следи ситуацијата, пренесува „Тајмс оф Израел“.
RT Arabic јавува дека египетски полицаец убил двајца Израелци, додека агенцијата Walla јавува дека едно лице загинало, а друго е рането.
Полицаецот кој е полициски секретар, одговорен за безбедноста на туристичките области, наводно пукал од своето лично оружје кон групата во областа Маншеја во Александрија.
Осумничениот за нападот е приведен.