Повеќе од 45 000 луѓе поднеле барање за дозвола за лов на стада биволи во северниот дел на американскиот Национален парк Големиот Кањон во Аризона, соопшти управата на Националниот парк (НПС), која сака да го ограничи бројот на овие животни, бидејќи нивниот број се проценува дека негативно влијае на природните ресурси во таа област.
Американската служба испрати покана до искусни стрелци да се приклучат на лотаријата и да добијат едно од десетте места за убиство на бизони во северниот дел на Гранд Кањон, пренесува весникот Хил. Проблемот со бизоните се појави кога нивниот број се зголеми – тие започнаа да ја уништуваат вегетацијата, земјиштето и археолошките места.
Од Националниот парк додаваат дека животните „им ја расипуваат атмосферата и чувството на дивост на посетителите“.
Пријавените се од Аризона, Тексас, Калифорнија, Колорадо и Јута, додаде АП, цитирајќи го Лери Феникс, регионален супервизор на Аризона за заштита на природата.