„Ден без смеа е изгубен ден“
ОВЕН
Работа: Денес ќе имате порелаксиран ден во однос на претходните за да ја доведете работната недела до успешен крај.
Љубов: На љубовен план, повеќе од вообичаено би можеле да се препуштите на флерт со некој од деловното опкружување.
Здравје: Намален имунитет.
БИК
Работа: Многу е можно денес да добиете зелено светло за почеток на нов проект. Само напред.
Љубов: Обидете се максимално да ги измазнете недоразбирањата што ги имате во претходниот период. Не е лесно да се направи првиот чекор, но заради љубовта, направете го тоа вие.
Здравје: Хранете се здраво.
БЛИЗНАЦИТЕ
Работа: Близнаците очекуваат малку порелаксиран пристап кон обврските и соработниците. Доколку инвестирате во некоја обука или едукација, тоа е оправдано кога се работи за финансиски трансакции.
Љубов: Иако повеќе би сакале да се дистанцирате од проблемите и објаснувањата, треба барем да почнете да решавате некои работи.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.
РАК
Работа: Одличен крај на оваа работна недела им претстои на Раковите. Вашата професионалност и одговорност ќе бидат на високо ниво, а тоа ќе го забележат и другите кои работат со вас.
Љубов: Денот е поволен за што и да посакате кога се работи за љубовта. Посветете се на личноста за која се грижите тека како што ви одговара и уживајте.
Здравје: Намален имунитет.
ЛАВ
Работа: Ако сте ги смислиле сите детали за нов деловен потфат, тогаш одете напред кон нови победи.
Љубов: Има добра енергија околу вас, се е на ваша страна. Затоа, обидете се да не збркате нешто.
Здравје: Многу добро, пишува Астропутник.
ДЕВИЦА
Работа: Кога станува збор за односите со колегите, не изнесувајте приказни од минатото. Држете се до работата што веќе сте ја започнале и обидете се правилно да ги завршите сите задачи што сте ги започнале.
Љубов: Свртете се кон семејните настани, собири и врски кои сте ги запоставиле поради партнерите и работата.
Здравје: Потребна ви е психофизичка релаксација.
ВАГА
Работа: Поволен ден е да спроведете се што сте планирале без поголеми потешкотии. Ќе имате доволно енергија и мотивација.
Љубов: Обидете се да избегнувате однапред да донесувате важни одлуки. Добро измерете ги аргументите пред да го направите тоа.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
ШКОРПИЈА
Работа: Имате добри аспекти за сите финансиски преговори и склучување договори, што би требало максимално да ги искористите.
Љубов: Ако сте сингл, една приказна би можела да добие многу интересен правец и да се претвори во нешто посериозно. Уживајте.
Здравје: Чувствителност на уринарниот тракт.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Стрелецот во текот на овој ден ќе биде многу зафатен и на полето на комуникацијата и техничката организација на работата. Треба да бидете многу задоволни од крајните резултати.
Љубов: Дури и на љубовно поле, ќе имате причина да бидете задоволни ако го ставите партнерот на прво место и со секоја постапка покажете колку ви значи.
Здравје: Контролирајте ја работата на ендокриниот систем.
ЈАРЕЦ
Работа: Последниот работен ден од оваа недела им носи добро расположение и мотивација на Јарците, што дефинитивно позитивно ќе се одрази на деловното опкружување и конечните резултати.
Љубов: На љубовен план треба што повеќе да се занимавате со конкретни потези. Бидете отворени и покажете ги своите емоции на саканата личност.
Здравје: Пазете се од физички повреди и во текот на овој ден.
ВОДОЛИЈА
Работа: Потрудете се да ги решите и навреме да ги завршите оние обврски кои ви се најважни за да можете мирно да зачекорите и да го испланирате викендот пред вас.
Љубов: Што се однесува до денешните случувања во сферата на љубовните врски, за очекување е тие да бидат значително надпросечни.
Здравје: Одлично.
РИБА
Работа: Се на се, овој петок ве очекуваат добри резултати, па ќе бидете задоволни со тоа.
Љубов: Може да очекувате пријатно изненадување и средба со стара симпатија. Уживајте.
Здравје: Проверете го крвниот притисок.