Денеска (28.09.2023) во периодот од 09.00 до 13.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на град Велес за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 51 возач, од кои 13 за возење без возачка дозвола, осум возачи за управување на мотоцикл без заштитен шлем, четири за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта-соопштуваат од МВР.