Учењето не е детска игра; не можеме да учиме без болка-Аристотел.

Што не очекува во последните денови од септември и во првата недела од есенскиот месец октомври? Што велат ѕвездите, кому крајот на септември му носи нова љубов, а на кого ја враќа старата?

Прочитајте го неделниот хороскоп од 25 септември до 1 октомври 2023 година и откријте што ве очекува на полето на љубовта, работата и здравјето, пишува luftika.rs.

ОВЕН
Работа:
Потпрете се на своите дипломатски способности, бидејќи тие ќе ве спасат во многу конфликтни ситуации со колегите и претпоставените.

Љубов: Ова е одличен период да разговарате со партнерот за сите ваши проблеми, бидејќи и двајцата ќе можете реално да ја согледате ситуацијата и соодветно да решите се што ве мачи.

Здравје: Се чувствувате добро оваа недела.

БИК
Работа:
Ќе наидете само на позитивни коментари и критики. Затоа, вашата финансиска состојба значително се подобрува.

Љубов: Периодот пред вас бара да бидете во совршена рамнотежа, за да нема проблеми во врската.

Здравје: Можна инфекција.

БЛИЗНАЦИТЕ
Работа:
Близнаците кои моментално не се вработени имаат големи можности тоа да се промени, а исто така треба да го прифатите она што ви се нуди, па дури и некои сезонски работи, бидејќи никогаш не знаете каква можност може да се појави.

Љубов: Колку и да сте блиски со партнерот и колку слобода имате еден со друг, некои работи мора да се знаат и почитуваат, за што и самите ќе имате потреба.

Здравје: Солидно.

РАК
Работа:
Ќе дојдете во момент кога ќе треба да донесете голема одлука, па затоа треба да седнете и добро да размислите.

Љубов: Доколку сте во врска кратко време или имате пријател со бенефиции, треба да се запрашате дали можеби тој сака нешто повеќе од лежерната врска која ви одговара во моментов.

Здравје: Добро.

ЛАВ
Работа:
Време е да почнете да ги реализирате сите ваши идеи и планови. Вие најдобро знаете и како ќе го направите тоа.

Љубов: Бидете малку почувствителни, и на тој начин ќе го решите апсолутно секој проблем. Добро ви оди досега.

Здравје: Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА
Работа:
И покрај проблемите, вашиот шарм и моќ на заведување ќе го искористите за да решите некои деловни дилеми, кои ќе придонесат многу претпоставени да ве забележат.

Љубов: Во наредниот период на вашите емотивни односи многу ќе влијае финансиската состојба, бидејќи беспарицата ќе ве направи нервозни, па тоа ќе им го пренесете на вашите најблиски.

Здравје: Можна главоболка.

ВАГА
Работа:
Ова е добар период да работите на себе и да развиете знаења и вештини. Добри сте во убедување и дипломатски разговори.

Љубов: Ова е динамичен период и сигурно нема да ви биде досадно, без разлика дали сте во врска или не.

Здравје: Оваа недела немате поголеми тегоби.

ШКОРПИЈА
Работа: Не плашете се да бидете иновативни, проактивни и опасно да се фрлите на конкуренцијата, вие го знаете тоа и можете.

Љубов: Дефинитивно ќе ја разбиете монотонијата, а начинот на кој тоа ќе го направите, одберете според вашите желби, чувства и личности, сепак.

Здравје: Проблеми со дишните патишта.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Бидете трпеливи, концентрирани и успехот ќе дојде, само не се откажувајте. Знаете колку можете и држете се до вашите стандарди.

Љубов: Доколку сте во брак, може да очекувате проширување на семејството. О, да, бебето може да биде веднаш зад аголот!

Здравје: Внимавајте на имунитетот.

ЈАРЕЦ
Работа: Некако секогаш ќе бидете во центарот на вниманието поради вашата работа, а освен тоа, ова е и добар период кога се во прашање финансиите.

Љубов: Доколку сте слободни, можно е на некое патување, приватно и деловено, да запознаете личност која многу ќе ви се допадне.

Здравје: Пешачете повеќе.

ВОДОЛИЈА
Работа: Ова е периодот кога ќе научите, на лесен или на потежок начин, дека понекогаш треба да се оддалечите од она што ве фрустрира и да почнете да размислувате за тоа со главата, а не со срцето.

Љубов: Нема да ви биде проблем повремено да се впуштите во некоја случајна авантура.

Здравје: Ви требаат повеќе витамини.

РИБА
Работа: Обидете се да останете ладни и секогаш добро размислете пред да реагирате на нешто. Мери двапати, пресечи еднаш, избувливоста не се исплати.

Љубов: Тимската работа е важна не само кога е во прашање работата, туку и кога е во прашање било кој друг тип на личен однос.

Здравје: Се чувствувате добро оваа недела.

By Author