Голем шумски пожар во близина на Палермо се шири и му се заканува на главниот град на Сицилија, а училиштата во околните области се затворени.
Жителите на предградието Бранкачо поминаа непроспиена ноќ на покривите на своите куќи, како што веќе направија во јули кога областа исто така беше зафатена од шумски пожари.
Училиштата во Гратери беа затворени, а локалниот градоначалник Џузепе Муфолето ги повика жителите да преземат мерки на претпазливост во случај пожарот да се прошири.
Авиони канадери интервенираа за да спречат ширење на пожарот во областа Палермо.
Пожарот ја зафатил областа од Гратери до одморалиштето Чефалу. Пожарот ги зафати и областите околу Месина и Трапани.